СОСТАНОК ЗА НОВИОТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ВО АД ЕСМ СО КОЈ ЌЕ СЕ УНАПРЕДАТ ПРАВАТА НА РАБОТНИЦИТЕ

Претседателот на Синдикалната организација при АД ЕСМ при СИЕР, Јове Смилевски ја посети подружницата на АД ЕСМ, ХЕС Црн Дрим каде што се одржа средбата со вработените пред кои беа презентирани придобивките од новиот колективен договор на АД ЕСМ договорени помеѓу синдикатот и менаџерскиот тим и кој се очекува да се потпише во следниот период од страна на единствената Синдикална организација во АД ЕСМ дел од СИЕР при ССМ со работодавачот АД ЕСМ.На средбата со вработените беше дискутирано и за состојбите во комбинатот како и тоа дека Синдикалната организација веќе извршила разговори со претставниците на работодавачот во поглед на актуелните состојби кои со заедничкк напори ќе бидат надминати.Во наредниот период ќе бидат посетени сите подружници и ќе се одржат средби со вработените за да бидат презентирани придобивките од новиот колективен договор кои се договорени со менаџментот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *