НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ОД СИНДИКАТОТ НА ЕСМ И НА РЕК

Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски, и претавници на Синдикалните организации на АД ЕСМ и на РЕК Битола ги посетија децата од посебните паралелки при ОУ Ѓорѓи Сугарев во Битола и децата згрижени во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола. Новогодишните пакетчиња што децата ги добија се порака дека АД ЕСМ и РЕК Битола со нивните синдикални организации се тука денес и во текот на целата година за да помогнат колку што можат.