БАРАЊЕ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО АД ЕСM

Претседателот на СИЕР, Игор Ѓерасов заедно со Претседателот на ССМ, Дарко Димовски остварија работна средба со претседателот на Синдикалната организација на АД ЕСМ при СИЕР, Јове Смилевски и членовите на органите и телата на Синдикалната организација.

Претседателот на СИЕР, Игор Ѓерасов и Претседателот на ССМ, Дарко Димовски дадоа поддршка на барањето на Синдикалната организација на АД ЕСМ при СИЕР за зголемување на платата на вработените во комбинатот согласно порастот на трошоците за живот предвидено во Колективниот договор кој беше склучен пред неколку месеци особено поради ангажманот на работниците кои согласно последните податоци, оваа година вработените во термоелектраните во Битола и Осломеј го зголемиле производство за 40%.

Управниот одбор го разгледа и го прифати барањето од Синдикалната организација на АД ЕСМ при СИЕР за зголемување на платите на вработените во АД ЕСМ и формираше работна група задолжена да отпочне преговори си Синдикалната организација на АД ЕСМ при СИЕР за зголемување на платите на сите вработени во АД ЕСМ.

Вработените во комбинатот АД ЕСМ, заслужуваат покачување на нивните плати и како што тоа беше случај за склучување на Колективниот договор, очекувањата се дека менаџментот на комбинатот ќе има разбирање за барањето на работниците и заеднички со синдикатот ќе се утврди начинот на усогласување на платата прифатлив за двете страни и работниците претставувани од Синдикалната организација на АД ЕСМ при СИЕР и работодавачот претставуван од Управниот одбор на АД ЕСМ.

Социјалниот дијалог во АД ЕСМ помеѓу работодавачот и синдикатот е позитивна пракса која треба да ја следат и останатите работодавачи во јавниот сектор.